Запишете си термин за бесплатен преглед на телефон 00 359 32 642056
Забниот кариес е патолошки процес, кој ги разрушува тврдите забни ткива - емајл, дентин и цемент. По својата суштина тој е чисто инфективно заболување, што доведува до уништување на тврдите ткива на забот. Забниот кариес е најчестото и широко распространетото хронично заболување кај човекот во светски рамки - така напишал некој на Википедија, и најверојатно ова тврдење одговара на вистината. Различни скрининг испитувања откриле забен кариес кај околу 95 - 99% од испитаните луѓе, и тоа во групи од редот на неколку илјади луѓе. Според сите современи автори кариесот е предизвикан од микроорганизми, кој ги има во забниот плак. Започнува со локализирана деминерализација и распаѓање на забните ткива и постепено се формира шуплина. Во текот на развојот на кариес во повеќето случаи е карактеристична цикличноста – се менуваат периоди на де-и реминерализација. Кај ниско рН (кисела средина) се добива екстракција на минерали и формирање на празнина. Кај висока pH вредност (базна средина) се добива реминерализација - одложување на минерали и обратен развој на дефектот. Последното е можно само во почетната фаза на развој, кога се уште не е уништена органската матрица на забот и не е формирана шуплина. Карактеристично за де-и реминерализацијата е дека двата процеси можат да се одвиваат истовремено во иста лезија. Клучен момент е формирањето на шуплина во ткивото на забот - тогаш човек со полно право може да тврди дека има кариес; ако забот има само делови на деминерализација (бели и кафеави кариозни дамки), тогаш работите се реверзибилни и теоритиците и до ден денешен спорат дали во овој случај се работи за кариес или не. Практичарите пак ги третираат таквите дамки со флуорни лакови и објаснуваат на пациентот да одржува добра орална хигиена ...
www.caries.bg www.dentistry.bg www.stomatologia.bg www.dentalimplants.bg
Единственото можно лекување на кариесот е чистењето на кариозната маса и пополнување на добиената шуплина со соодветен обтурациски материјал – амалгам или композит. Нашиот сајт содржи анимирани шеми за начинот на лекување на кариес. Се разбира, работите во пракса не се толку едноставни, но од шемата секој би можел да добие доволно јасна претстава за карактерот на постапката. За изборот незаменлива работа вршат ротирачките алатки – страшните стоматолошки машини што внесуваат страв и ужас години наназад во душите на децата и возрасните. За жал предметниот садистичен инструмент на сегашниот развој на стоматологијата нема алтернатива – се прават обиди за чистење на кариозната маса со ласер и различни раствори, но засега тоа остануваат само помошни средства. На прашањето за амалгам: по повод на различни публикации во печатот за штетното дејство на живата меѓу населението се шири негативен став кон овој материјал. И покрај сите спорови во научните средини до денес нема убедливи податоци за штетното дејство на живата од амалгамот, бидејќи тој се наоѓа во поврзана состојба. За љубопитните посетители има вклучена посебна страница со дополнителни информации за амалгам.
Еден плус во корист на амалгамот - останатата пукнатина меѓу пломбата и забот постепено се исполнува со корозивни продукти и исчезнува - тоа се уште не се добива кај никој композит, односно и најлошо поставениот амалгам е подобар од лошо поставениот композит. Се разбира, во областа на естетикатата амалгамоѕ сериозно губи по поени. Постои и уште еден минус - волуменските деформации на кои амалгамот подлежи под влијание на џвакачките сили. Овие деформации стануваат причина за промена во формата, за нејзиното излизгување надвор од шуплината и (во најлош случај) за фрактура на делови од забниот емајл или дури и на целиот заб. Се разбира, не треба да верувате дека нешто толку злобно ќе се случи на секоја амалгамска реставрација и да се доведете во паника - фрактури се среќаваат главно кај девитализирани заби, големи пломби и многу тенки други странични ѕидови на забот. Такви феномени не се откриваат кај ниту еден композит, ете зошто тоа каков материјал ќе се користи зависи најмногу од конкретниот клинички случај. Најдобро е пациентот да остави стоматологот да процени на кој начин да го поправи кариозниот дефект - обично стоматологот нуди можни варијанти и изборот на пациентот се сведува обично до два или три материјали.
Во денталномедицинскиот оддел на Ралев Дентал АД се работи со седум вида обтурациски материјали во моментов (за колеги - DRM Crown, Gradia Direct, Filtek Supreme XT, EsthetX, Filtek Ultimate, Valux Plus и Amelogen Plus). Станува збор за материјали кои се применуваат само клинички - за специфични случаи изработката на реставрации кои вклучуваат и лабораториска Фаза, односно при изготвувањето им зема учество и забен техничар. Амалгамот беше опишан погоре. Композитните материјали обезбедуваат естетика во различна степен, правопропорционална со нивната цена. Хемиски полимеризациските композити имаат универзална боја, односно не е секогаш можно бојата на материјалот да се совпаѓа со бојата на забот на пациентот, ја менуваат во различен степен бојата со текот на времето во и не се полираат идеално - секогаш се чувствуваат како неправилности на површината на забот. Хелиополимеризациските композити (хелиополимери) се доставуваат во различни бои, се полираат многу добро и (кај најновите материјали) имаат механичка издржливост, многу блиска до онаа на забниот емајл. Комбинацијата од слоеви со различни бои обезбедува постигнување на слична боја на природните заби (која често е силно нееднородна) и на тој начин обтурираниот дефект не се забележува. При анализата на пазарната ситуација во Бугарија зедовме решение да нудиме фотополимери од средната класа (Pеkа-light, Saremco, Te-econom) и high-end - Admira, Point4, Grandio и Filtek supreme. Последните се со многу добри механички својства (кај Admira има дури фил од керамички честички, кој обезбедува дополнителна цврстина, Grandio спаѓа во т.н. нанохибриди, а Filtek supreme - кон нанофилите) и нашиот тим е со многу добри впечатоци од овие материјали - изградуваме рабови ја заби штифтови за коронки, разрушувања со големина 2 / 3 од џвакачки заб со одличен резултат како естетика и цврстина. Тоа беше во далечната 2002 година ... Малку подоцна овие материјали веќе преминаа во средната класа, а на пазарот излегоа многу нови и подобри нешта - емајлирани Enamel Plus (HFO), EsthetX (Dentsply), Gradia Direct (GC) и DRM Crown (Dental Research Laboratories, USA). Ако сакате да дознаете нешто повеќе за композитните материјали (т.н. бели пломби), кликнете овде.
Многу е напишано за забниот кариес. Дискутирани се и причините и епидемиологијата, и начинот на лекување, и прогнозата на оваа болест. Што е најважно? Тешко може да се каже со два збора; се има значење - и материјалот на реставрацијата, и контурите на пломбата, и тоа дали се користи директна или индиректна методологија. Во подготовката на забот сепак неспорно најважно е да се исчисти радикално забното ткиво од разпаднати материјали - не е од такво значење дали ќе има скосување на фазите оклузално под агол од 45 или 60 степени спрема надолжната оска на забот, колку што е важно да се исчистат целосно инфицираните забни ткива. Терапевти со повеќе имагинација се определуваат како хирурзи, кои при екскавацијата на кариозната маса вршат некректомија, односно ги чистат мртвите ткива до здраво. Ова навистина е така - секој стоматолог е хирург, бидејќи досега нема измислени апчиња за расипани заби.