Адреса на клиниката

English Deutsch Русский Македонски Turkce Espanol

Адреса на клиниката: град Пловдив, ул "Л. Каравелов" 9Б, ет 5, канцеларија 7
Тел. +359 32 642056

+359 893 686148 - д-р Александар Лазаревски - зборува македонски, бугарски, српски, англиски и германски

+359 888 539618 - д-р Евелина Марковa - зборува бугарски, англиски и француски, +359 886 959696 - д-р Милен Марков

+359 893 686146 - д-р Салиф Ариф - зборува турски, англиски, бугарски

+359 888 646003 д-р Венцеслав Ралев - бугарски,англиски, германски, италjaнски и по малку француски

Влез во нашиот форум

На приложената шема е означена локацијата на стоматолошката клиника "Ралев Дентал АД" во град Пловдив. Според д-р Марков шемата е доста нејасна, а според други лица од женски пол - тотално неразбирлива. Според д-р Ралев планот за урбанистичко планирање ќе биде нејасен за 91.4% од жените поради чувството на женскиот пол за просторната дезориентација :-))). Молиме дамите да не се навредени, сепак д-р Бучкова успеа да се ориентира во шемата за околу 5 секунди. Ако не можете да се ориентирате за локацијата на нашиот кабинет, тргнете од кружен тек на централна станица на булеварот "Васил Априлов", завртете во четвртата уличка десно и потоа - по првата повторно десно. На аголот на улиците "Љубен Каравелов" и "Радецки" има ресторан за брза храна (ќе сакаме од сопствениците процент за рекламата), до него - продавница, а до него - продавница "Нина 88" (од многу луѓе веќе треба да земам процент). До "Нина 88" е влезот на зградата, во која се наоѓа нашиот кабинет. Има портиер - обично доста разговорлив, кој исто така би можел да ве упати. Ако се качите на петтиот кат, ќе забележите една светлечка плоча под која е нашата влезна врата. Тимот на стоматолошка клиника "Ралев Дентал" искрено се надева дека ќе останете задоволни од прва посета кај нас и да дознаете напамет патот до клиниката :-)))! За нас главната цел е стопроцентовото задоволство на пациентот. Поради тоа се обидуваме да одржуваме пријатна атмосфера во нашата клиника.

Враќање кон почетната страница    Как найти (по русский)    Адреса во Google Maps

Запазете си термин по e-mail на адреса office@ralev-dental.bg
Бесплатни совети се даваат на адреса ralev@dentist.bg и ceo@ralev-dental.bg. Обично одговориме во текот на денот

www.ralev-dental.com    www.bg-tourinfo.com    www.investor-bg.com    www.bg-dentist.net    www.ralev-dental.biz

www.omegadentagroup.com    www.ralev-dental.bg    www.bg-dentist.com    www.dentalimplants.bg    www.bg-dentist.eu

За сите на кои им е полесно да ги користат мапите на Google Maps, сме покажале една шема според нивните стандарди. Работите се опишани колку што е можно појасно во горниот став - на шемата подолу со карактеристичното балонче е забележана нашата локација во град Пловдив.

Тука е дадена главната шема на град Пловдив, во која за ориентире дадена локацијата на нашата стоматолошка клиника

www.bg-dentist.com    www.dentalimplants.bg    www.bg-dentist.eu

 


Тука шемата е димензионирана во поголем обем. За секој кој знае го Пловдив, станува јасно каде се наоѓа Ралев Дентал АД. Во последните години паркирањето во регионот стана една доста тешка задача - поради големиот број автомобили се потешко се наоѓа место за паркирање, а и комуналната заштита следи постојано за неправилно паркирани автомобили. Улицата "Љубен Каравелов" веќе е забранета за паркирање од страната на парните броеви - т.е. од другата страна на нашата ординација. Од страната на непарните броеви место за паркирање се наоѓа тешко. Не застанувајте на помалку од три метри од крстосницата -"пајакот" е доста брз ... На улицата "Љубен Каравелов" е забрането да се паркира и од двете страни по крстосницата со "Васил Априлов". Лесно се наоѓаат места за паркирање на улиците "Филип Македонски" и "Тракија", но западно од "Васил Априлов". Поради многуте јавни згради, банки и болнични установи во регионот во работен ден паркирањето станува "Невозможна мисија" - уште една серија.

Нашата локација во Google Earth - за подобра ориентација може да послужат и поголемите згради

Рејлефна карта на дел од град Пловдив. Двата највисоки повдивски ридови се блиску до нашата стоматолошка клиника

 


И на крај - три-димензионалната карта на Google Maps, која создава чувство на лет со авион